Како да се подготви статија

Ве молиме, датотеки испратени до уредникот да ги исполнуваат следниве услови, што се однесува на формата, фуснотите и графичкиот материјал / фотографиите и информациите.

Формат на текст 

а. Обемот на статиите не треба да надминува објавување 1 печатарски табак напишан во Times New Roman 12 pt, проред 1,5 (приближно 40 000 знаци со вклучени фусноти и празни места, односно околу 18-20 страници.);

б. Рецензија не смее да надмине 25 000 знаци, пресметувано како погоре (приближно 9-10 страници.);

в. Очекуваме порамнет текст, вовлекување (маргини): 1,25;

г. Фуснотите , исто така, треба да бидат напишани со Times New Roman 10 pt, проред 1.;

д. Ако статијата содржи графички материјал (илустрации, графикони, слики) Ве молиме да го прикачите во посебен фајл, а во главниот текст, со броеви, означете го соодветното местото каде што би требало да бидат поставени. Добивањето дозвола за печатење на илустрација е обврска на авторот;

ѓ. Во насловот на документот, наведете го презимето и скратеница од Вашата титулата;

е. Задолжителен формат на датотеката: RTF или doc ( нема да бидат прифатени текстови напишани во други формати)

Прва страница

Првата страница треба да ги содржи следниве информации:

а. Наслов (центриран) на полски и англиски јазик

б. Име и презиме (центрирани),

в. Информации за контакт (центарирани): универзитет, институт, електронска пошта;

г. Тело на документот: датум на пријавувањето (левата страна), а датумот на рецензија и прифаќање (десна страна);

д. Апстракт (5-6 редови) на англиски јазик, со 5 клучни зборови (пред текстот од статијата, порамнето).

На крајот на статијата

а. Резиме на словенски јазик (приближно 500 знаци, вклучувајќи ги и празните места) за литературата на која се однесува и клучни зборови;

б. Резиме на англиски (приближно 500 знаци  вклучувајќи ги и празните места);

в. Индекси: одделно за авторите, одделно за преведувачите;

г. Кратка библиографска белешка: титула, име и презиме, датум и место на раѓање, работно место, научни интереси, последните публикации.

Пример за библиографска белешка:

Лешек Малчак – роден во 1971 год. во Љублињец, доцент д-р на Катедрата за теорија на литературата и превод при Институт за словенска филологија во Шлезија; истражувач на Јужнословенските  литератури, главно се занимава со хрватската литература и култура, неговите истражувачки интереси се: феноменот на регионализмот, полско-хрватски културни контакти, компаративна книжевност и култура и историја, теорија и практика при преведувањето. Има објавено, меѓу другото, монографија Ветрот во хрватската литература. За литературната фигура на  Ветрот во писменоста од деветнаесеттиот и дваесеттиот век во хрватската медитеранска зона (2004 год.) и Croatica. Хрватската литература и култура во Полска вопериодот 1944-1984 (2013); Тој е ко-уредник на изборите од современата српска драма Српски рулет (2011) и современата хрватската драма Кроативни (2012).

Божена Токаж – родена во 1946 во Лоѓ. Редовен професор во Институтот за славистика при Шлезискиот универзитет. Истражувач на полската и словенечката литература од дваесеттиот век. Се занимава со теорија на литература, компаратистика, теорија на превод, историска поетика. Авторка е на многу книги, на пример: Теорија на литература. Методологија на литерарните истражувања. Катовице, 1980. С. 329 (ко-автор: С. Забјеровски); Литературен мит. Од митот за стварнста до менувањето на суштината на поезијата. Издавач: ,,Шлезија” Катовице, 1983, с. 327; Поетиката на Новиот Бран, Издавач: Шлезиски универзитет во Катовице, 1990, с. 231; Образец, сличност, потсетување. (Од студиите на уметничкиот превод). Издавач: ,,Шлезија”, Катовице 1998, с. 163; Помеѓу деструкција и конструкција. За поезијата на Среќко Косовел во контекст на конструктивизмот. Издавач: Шлезиски Универзитет, 2004, с. 227; Состаноци. Простор-време на уметнички превод. Издавач: Шлезискиот Универзитет 2010, с. 274. Уредник на серијата за превод: Преводи на словенските литератури.

Статиите треба да бидат испратени по електронската пошта на следнава адреса: plsprzeklady@gmail.com

Правилата на фуснотите се идентификувани од страна на издавачката куќа на Шлезискиот Универзитет.

Основна библиографска адреса (пример)

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. Warszawa 2008, s. 35.

Запишување имиња и презимиња:

Во фуснотите или крајните листи не ги користиме полните имиња на авторите, туку скратена форма – иницијал [точка]. Ако авторот користи две имиња, се користи формата нпр. Ј.А. КОВАЛСКИ. Во согласност со принципите на полските уредувачки стандарди, помеѓу иницијалите не треба да има празно место. Истиот принцип важи за пишување имиња со тире, нпр. Х.-Г. ГАДАМЕР. Предлагаме сите презимиња во библиографскиот именик да се напишани единствено со големи букви. За да го направите ова  едноставно означете го името, нпр. на авторот, и притиснете Shift + Ctrl + K (за MS Word). Ве молиме, не оставаjте празни места меѓу буквите на презимето! Исто така, ве молиме да не ги користите Caps Lock (големи букви).

Информација за издавачот

Ако сакате да ја збогатите литературата со податоци за издавачот на книгата, користете ја следната формула:

J. Kowalski: Historia Górnego Śląska. Warszawa, Państwowy Instytut Wydawniczy, 2008, s. 35.

Запомнете на регуларноста при запишување: ако во еден дел на трудот има информација за издавчот, истата информација мора да биде вклучена и во наредните делови.

Извадок од книгта:

Ако сакате да зачувате извадок од книга, нпр. Една од расправите од книгата на авторот, библиографската адреса мора да биде направена според следната формула:

J. Kowalski: Historia Górnego Śląska. W: Idem: Górny Śląsk — wczoraj i dziś. Warszawa 2008, s. 35—48.

Статија од колективната работа

Ако користиме статија која е колективно дело, библиографската адреса мора да биде во ваква форма:

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. W: Górny Śląsk — wczoraj i dziś. Red. J. NOWAK, B. MALINOWSKA-KERN. Warszawa 2008, s. 35—48.

Информација за преведувачот

Ако книгата која ја користиме во нашиот труд е превод од странски јазик, во библиографскиот именик мора да е вклучена информацијата за преведувачот. За тоа користете ја следната формула:

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. Przeł. K. ADAMSKA. Warszawa 2008.

или

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. Tłum. K. ADAMSKA. Warszawa 2008.

Повторување на изворот

Ако се повикуваме на извор кој е даден во претходната фуснота, библиографската адреса треба да биде во форма на:

Ibidem, s. 35.

Доколку користиме библиографска адреса која била употребена претходно во истата глава на трудот, ја користиме скратената форма на опис:

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska…, s. 45.

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. W: Górny Śląsk – wczoraj i dziś…, s. 35–48.

J. MALINOWSKA: Wpływy czeskie w sztuce Górnego Śląska. W: Górny Śląsk – wczoraj i dziś…, s. 56–67.

Доколку книгата била користена порано, но не во истата глава, мора да се стави полниот библиографски опис.

Не ја препорачуваме кратенката op.cit. (opus citatum). Ако ја користите, читателот ќе треба да го провери целиот труд за да го најде полниот библиографски опис.

Текст од списание

Ако користиме статија од списание, библиографската адреса треба да изгледа вака:

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. „Górny Śląsk – wczoraj i dziś” 2008, nr 4 (120), s. 35–45.

Но, ако статијата е од весник, ја цитираме така:

J. KOWALSKI: Prośba brzmiała: przeczytaj. „Gazeta Wyborcza”, 27.01.2007, s. 17.

Ако статијата е од периодично издание:

J. KOWALSKI: Historia Górnego Śląska. W: „Górny Śląsk Wczoraj i Dziś”. T. 8. Red. J. NOWAK, B. MALINOWSKA-KERN. Warszawa 2008, s. 35—48.

Ве молиме да не ги користите фуснотите од американскиот систем!

Само во дел од трудовите се користи т.н. американски систем. Во библиографијата на крај, адресите треба да изгледаат вака:

ADAMCZYK A.F., 1990: Wpływ górnictwa na wody podziemne. „Socjologia” z. 32, s. 41–46.

Библиографската адреса во американскиот стил во референции во текстот треба да изгледа вака:

A.F. KOWALSKI (2002) lub (KOWALSKI, 2002) bądź (Plan sytuacyjny…, 2001).

Ако сакаме да додадеме број на страница, можеме да го додадеме после запирката со кратенката стр. (s.) или можеме да го напишеме по интерпукцискиот знак две точки:

(KOWALSKI, 2002, s. 15)

(KOWALSKI, 2002: 15)

Текстовите кои не се форматирани според горенаведените барања или кои ги немаат сите потребни информации, нема да бидат прифатени.

Неприфатениот уредувачки материјал не се враќа.