Оддел

Оддел за теорија на литература и превод
ul. Grota-Roweckiego 5, 41-205 Sosnowiec, p. 4.50, 3.62
prof. zw. dr hab. Bożena Tokarz
dr hab. Leszek Małczak

dr hab. Lucyna Spyrka
dr Gabriela Abrasowicz

dr Marta Buczek
dr Monika Gawlak

dr Katarzyna Majdzik
mgr Jakob Altmann
mgr Joanna Cieślar
mgr Petra Gverić Katana

Одделот за теорија на литература и превод е основан 1992 година, во рамките на Институт за словенска филологија, при Шлезискиот универзитет. Неговите членови се специјализираат во теоретска проблематика поврзана со различна книжевност на пример хрватска, српска, чешка, словачка и словенечка кои се презентирани во програмските  насоките на студиите водени од Институтот.
Дејството на Одделот ги опфаќа дидактиката и истражувачките работи. Колективот е одговорен за дидаткиката на предметите кои ги подготвуваат и школуваат студентите во областа теорија и книжевна практика (интерпретација и читање на книжевни текстови, структура на текст, методологија на книжевни истражувања, историско-книжевни процеси) исто, теорија и анализа на преводот како нов уметнички и општествен факт.
Научната работа на Одделот се концентрира околу две теми (Книжевен дискурс и Теорија на преводот) кои опфаќаат широк круг на истражувачки проблеми како: испитување на книжевните форми во релација со културната реалност, како и локалниот и универзален развоен ритам во книжевностите и културите; типологијата на преводите со оглед на разликите помеѓу јазични системи, кои учествуваат во процесот на преводот со впишани во нив светски модели, разлики помеѓу книжевни и културни традиции, помеѓу индивидуални светогледи и нивоа на чувствителност, како и комуникациски шеми.
Од 2008 година вработените на Одделот учествуваат во издавачки проект Преводи на словенски литератури, раководен од редовен проф. д-р Божена Токаж. Публикацијата има карактер на непрекинато издание и се наоѓа во делот Б на научни списанија од Министерство за наука и високо образование. Досега се покажаа 5 тематски делови  и 6 библиографски томови, според кои се составуваат каталози на преводи на словенски литератури во Полска и преводи на полска литература во словенски земји, печатени во годините 1990-2014.
Во научната програма на Одделот се зема предвид можноста да се рашират  испитувањата кон специјалистички придонес на другите истражувачки насоки и останатите словенски филологии. Отворањето на нови истражувачки области дозволи да се прошири перспективата кон компаратистички испитувања. Теоријата на литература е тесно поврзана со компаратистика и обратно, дозволувајќи да се избегне фактографската стапица и субјективното влијание во книжевната работа. Ја покажува конкретната врска меѓу свеста и структура на книжевен текст, а во овој контекст на одстапувања од нормата во границите на истата конвенција или развојна тенденција. Компаратистиката и теоријата на литература бараат интердисциплинарна перспектива, која е уважувана од многуте вработени на Одделението, во своите публикации. Интересот за двете области на книжевни испитувања наоѓа оглед во самите студии, водени од нив , за уметнички превод.
Секоја трета среда или четврток во месецот во 16.30 или 17.00 се одржуваат дискусиски  научни состаноци. Можат да учествуваат и другите вработени во Институтот за словенска филологија или од другите Институти на Шлезискиот универзитет.