Постапката за рецензија

Постапка за преиспитувањето текстови ги зема предвид препораките на Министерството за наука и високо образование во согласност со принципите на етиката и моралот во науката. Статии објавени во списанието “Преводите на словенските литераитури“ се разгледуваат како посебни творби и дела кои го сочинуваат целиот волумен, значи затворена проблематичката целост. Затоа се применува следната постапка:

  1. Квалификација за разгледување од страна на уредниците на „Преводите на словенските литератури“ во врска со условите: обемот да не е поголем од 1 печатарски табак, две резимеа (на англиски и на словенски јазик на кој се однесува текстот), секое од нив не смее да биде подолго од 500 знаци со празни места; клучни зборови на полски и англиски јазик (5 зборови); апстракт пред текстот (5-6 реда) со матична огранизација (универзитет, факултет, институт/катедра и адреса), концизна биобиблиографската белешка за авторот со поштенска адреса за кореспонденција и телефонски број (податоците се исклучиво за уредувачката и издавачката куќа), и на крајот – индекс презимиња на автори и преведувачи (одделно).
  2. За оцената на секоја статија задолжени се најмалку 2 полски или странски независни рецензенти (кои не се од редакцијата, ниту од издаваштвото, ниту од институцијата на авторот). Се работи за специјалистите од областа на истражуваните теми.
  3. Рецензиите се спроведени во така наречен double-blind review process, односно се анонимни, и имињата на рецензентите и авторите се недостапни едни на други .
  4. Трудовите се идентификувани со помош на број што им е даден од страна на редакцијата.
  5. Рецензентите се одобрени од страна на издавачката куќа на Шлезискиот универзитет.
  6. Рецензијата треба да вклучува проценка на предложениот текст и неговиот придонес кон истражувањата во областа на предметот и евалуација на поединечните написи според формуларот – formularz recenzyjny (за преземање) од веб-страницата на „Преводите на словенските литератури“ – www.pls.us.edu.pl
  7. За печатење или одбивање на текстот крајната одлука ја носи главниот уредник, по спроведени консултации со тематскиот уредник. Авторот согласувајќи се да се печати текстот во „Преводитена словенските лиетратури“ истовремено се согласува на објавување електронската верзија на интернет и покрај фактот што основната верзија на публикацијата е во печатена форма.
  8. Редакцијата ги објавува рецензентите кои соработуваат со „Преглед на словенските литератури“ во последниот дел на обемот и на веб-страницата на списанието. Правилата за рецензија се дополнети од 4. том на списанието, а последен додаток – од 6. обемот .